Џудо клубот Сенсеи од Радовиш по две години пауза повторно се активираше и тоа многу успешно. На Државното првенство за пионери и јуниори во Битола џудистите на Сенсеи освоија 11 медали и тоа: 1 златен, 2 сребрени и 8 бронзени.
Пиoнери: Марија Крстева прво место, Надица Спасовска и Анастасија Пулева се втори, Анастасија Ристова и Катерина Ефтимова трети.
Јуниори: Кирче Димитриев, Ратко Костов, Ерсан Лика, Глорија Трајкова, Илина Ристова и Благица Гоцевска се носители на бронзениот медал.
Ipon.mk/В. Д.