Џудо федерацијата на Македонија во периодот од 21 до 25 мај одржаа подготовки за потенцијалните репрезентативци во јуниорска, кадетска и пионерска категорија, а истовремено се оддржаа и судиски семинар и стручен семинар за тренери.
Подготовките се одржаа во одморалиштето „Михајлово“ на Кожуф планина, кај Кавадарци.
На подготовките беа следните кандидати за репрезентацијата, пионери: Резарт Хусеини, Јорданчо Георгиевски, Хамза Јашари, Христијан Рајков, Еди Шерифовски и Бојан Пашоски.
Кадети: Мартин Тодорчески, Борче Ангелов, Марко Паноски, Диме Ивчески, Никола Станоев, Артан Рушити и Садик Касамовски.
Јуниори: Владимир Стојаноски и. Филип Макалоски.
Пионерки: Теодора Димеска, Марија Томеска, Христина Дескова и Александра Ристеска.
Кадетки: Арбреша Реџепи, Наталија Динова, Амра Фејзула, Берна Шерифовска, Александра Макеска и Наталија Ризова.
Јуниорки: Барбара Башеска и Ангела Велковска.
ipon.mk/В.Д.