Успешен викенд за борачките и борачите на Вардар 1961.
Откако Вероника Рјабаволова освои златен медал на силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Истанбул, Турција, на успехот се надоврзаа и младите надежи на Вардар 1961 на турнирот „Денот на колосите“ во Призрен, Косово, со три одличја – еден сребрен медал и два бронзени.
Со медали се закитија Неда Урошевска сребро, Нина Славевска и Матеј Неделковски со бронзи.
Од стручниот штаб на Вардар 1961 очекуваат добар резултат од нивната борачка Марија Спирковска која настапува на Европско првенство во Шпанија во текот на неделава.