Усман си ја кажа цената за борба со Адесања

Сите сакаат борби меѓу шампиони.

А кога станува збор за доминантните шампиони како Израел Адесања и Камару Усман, кои ја исчистија целата категорија, победувајќи двапати прдизвикувачи, тогаш зборуваме за навистина сериозен меч.

Но, постои една пречка за организирање на оваа битка: пријателството. Усман и Адесања се стари пријатели и се поддржуваат еден со друг за време на нивните борби. Затоа станува комплицирано кога се зборува за меѓусебен дуел.

Усман рече дека сака да влезе во средна категорија, но нема да го стори тоа се додека Адесања е шампион таму.

Но, секој има цена…

„Адесања е мојот човек“, рече Усман и додаде: „Мораме внимателно да разговараме за идејата за ваков меч“.

Има разлика помеѓу борба и натпреварување. Ако двајцата одлучиме дека сакаме да се натпреваруваме еден со друг и УФЦ е подготвен да кивне сто милиони долари, тогаш тоа може да се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО