Усман Нурмагомедов ја продолжи серијата, Крис Киборг ја победи Кат Цингано со прекин во првата рунда

Непоразениот Дагестанец Усман Нурмагомедов со едногласна одлука го победи американскиот борец Брент Примус на настанот Белатор 300 во Сан Диего.

За Нурмагомедов тоа беше 18-та победа во кариерата, со која по вторпат го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија.

Дагестанскиот борец доминираше во текот на целиот меч, комбинирајќи различни вештини, спречувајќи го противникот да приреди какви било изненадувања.

Во конасловната борба на Крис Киборг и беа потребни четири минути за да ја победи со прекин Кет Цингано.

Тоа беше седма победа во низа и петта одбрана на титулата во перо категорија за бразилско-американската воинка.

А Лиз Кармуш со прекин на почетокот на петтата рунда ја совлада Илима-Леја Макфарлан и третпат го одбрани појасот во мува категорија.

Резултати од Белатор 300:

Усман Нурмагомедов (в) – Брент Примус – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Крис Киборг (в) – Кет Цингано – ТКО (тупаници), Р1 (4:01)
Лиз Кармуш (в) – Илима-Леј Макфарлејн – ТКО (удар со нога), Р5 (0:17)

Воведни борби:
Боби Серонио III – Алберто Гарсија – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Леа МекКурт – Сара Мекман – ТКО (удари), Р1 (4:30)
Серхио Косио – Џеси Робертс – завршница (заду. со триаголник), Р3 (4:05)
Каи Камака III – Хенри Коралес – поделена одлука (30–27, 28–29, 29–28)
Слим Трабелси – Дејвион Френклин – ТКО (повреда на ногата), Р1 (3:19)
Довлетџан Јагшимурадов – Мачеј Рожански – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Мухамед Беркам – Херман Терадо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Грант Нил – Ромеро Котон – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Јена Бишоп – Илара Џоан – завршница (лост), Р1 (2:45)
Џош Хокит – Спенсер Смит – завршница (рачен триаголник), Р3 (3:48)
Џеки Каталин – Лорани Сантос – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–26)
Дмитриј Хриценко – Џастин Монталво – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Брајс Мередит – Мигел Пеимберт – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО