Усман му се заблагодари на Масвидал и порача: Најдобар борец сум на светот!

Камару Усман остана голем во победата и господски му се заблагодари на Хорхе Масвидал што го натерал да стане уште подобар борец.

Актуелниот шампион во полусредна категорија во неделата наутро беше импресивен. Усман го запре опасниот „Гејмбрејд“ со брутален нокаут во втората рунда и го одбрани појасот пред полните трибини на арената во Џексонвил.

„Баравте насилство … нема на што. Ти благодарам Хорхе, напредував поради тебе. Помина некое време откако бев екстремно нервозен поради борбата. Ме подигна на повисоко ниво и направи да го усовршам моето оружје. Јас сè уште напредувам сè додека се занимавам со ова – само небото е граница“, рече Камара во првата реакција и додаде:

„Тренерот ми викаше да се придржувам до основните работи и тоа беше тоа. Во моментов сум најдобриот „паунд фор паунд“ борец во светот. Благодарам Хорхе, вечерва морав да бидам во најдоброто издание”.

Усман ја забележа 19-та професионална победа на УФЦ 261, но и четврта последователна одбрана на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON