Усман му порача на Едвардс дека ќе го тепа се додека не се откаже

Камару Усман ќе ја има шестата одбрана на титулата во полусредна категорија на УФЦ против Леон Едвардс, а мечот би можел да се одржи на почетокот на јули.

Англискиот борец доби можност да го нападне појасот со серија од девет победи (натпреварот против Белал Мухамед беше откажан).

Едвардс последниот пораз (трет во кариерата) го доживеа во декември 2015 година од Усман.

На тој меч триумфираше Камару доминирајќи во борбата на партер.

Шампионот во последните настапи покажа голем напредок во боксот, па во последно време често ја прозива мексиканската боксерска ѕвезда Канело Алварез.

Едвардс неодамна изјави дека знае како да го запре Усман на што шампионот одговори.

„Веројатно мисли дека ќе претпочитам борба против него на нозе, но тоа нема да се случи. Нема да се борам против него на нозе, ќе се бориме. Ќе го соборам, а потоа ќе го истепам. Толку долго ќе го тепам додека не се откаже“, изјави Камара Усман.

Усман и Едвардс се борците кои имаат најдолги победнички серии во УФЦ, а кога ќе се соберат, тоа се 24! Усман има 15 триумфи во низа, а Едвардс е на девет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON