Уште еден херојски потег на Кевин Холанд, заедно со пријателите совладал вооружен напаѓач

Кевин Холанд повторно направи добро дело. Американскиот ММА борец минатата година спречи кражба на автомобил, го задржа крадецот додека не дојде полицијата, а сега стана вистински херој на Хјустон.

Имено, Кевин спречил пукање во ресторан.

Познатиот ММА новинар Ариел Хелвани на Твитер ја сподели веста дека напаѓачот бил совладан од тројца пријатели, соборен на земја, разоружан и задржан додека не дојде полицијата.

„Вооружен напаѓач отвори оган во ресторан во Хјустон во кој имало меѓу 40 и 50 луѓе.

Тројцата веднаш го собориле напаѓачот, го совладале и му го одземале пиштолот. Никој не беше повреден.

И кој е еден од хероите? Кевин Холанд. Тој го направи тоа повторно“, напиша Ариел Хелвани во објава.

Како и обично, Кевин не сакаше да обрнува многу внимание на тоа, но ги контактираше своите фанови преку Твитер.

„Што се однесува до минатата ноќ, добро сум“, напиша Кевин Холанд на Твитер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО