Шампион во полусредна категорија Камару Усман е подготвен да се бори против Конор Мек Грегор.
Пред некој месец „Озлогласениот“ објави дека оваа година ќе биде негова сезона и им ја фрли ракавицата на сите во полусредна категорија. Поранешниот двоен шампион дури се закани дека ќе влезе во кафезот со Усман за да му ја одземе титулата. Џон Каванаг беше инспириран и рече дека Мек Грегор може да го победи Усман, но мора да биде фокусиран и мотивиран.
Сепак, ова остана само муабет, затоа што Мек Грегор ги промени плановите и се повлече од ММА на почетокот на минатиот месец. Неодамна, Камару Усман ја одбрани титулата со победа над Хорхе Масвидал. Усман успеа да ги победи скоро сите во лесна категорија и сега сака да се обиде против Мек Грегор.
„Му понудив шанса за титулата на Конор Мек Грегор. Му реков дека може да се бори за титулата, но тој молчеше. Ако сака да зборува за мене, тогаш нека дојде и ќе си го добие. Битката со него е загубено време. Сите знаеме дека Мек Грегор се подига во полусредна категорија, кога може да се избере противници. Ако Конор сака да се бори во мојата категорија, тогаш јас сум тука.
Не одам никаде. Јас сум крал во оваа категорија. Не знам дали ќе има битка помеѓу Мек Грегор и Масвидал. Не ми е грижа. Се интересирам само за себе. Сакам да се тестирам против борец како Жорж Сент Пјер. Ако Мек Грегор сака борба со мене, тогаш нека дојде да разговара со кралот. Неговите соништа за мојата титула ќе се претворат во кошмари’, изјави Усман за ТМЗ.