Усман: Го сакам Барнс, и мене ми е тешко (ВИДЕО)

Камару Усман покажа голема почит кон Жилберт Барнс откако го победи на УФЦ 258.

Шампионот призна дека му било тешко да се соочи со Бразилецот, бидејќи го познава подолго време и се чувствува крајно близок со него.

„Го познавам Жилберт од самиот почеток. Го сакам. И тешко ми е да се справам со овој пораз. Луѓе, не можете да му го одземете на Жилберт она што го направи во категоријата. Започнавме заедно. Нашето патување започна во исто време, а тој вечерва го покажа тоа. Влезе во кафезот и покажа како се прави тоа“, рече Усман.

„Нигерискиот кошмар“ не пропушти да ги потсети ривалите дека нема намера наскоро да падне од врвот на категоријата.

„Имам причина да бидам најдобар на планетата. Подобро да покажат малку почит кон моето име. Не сум завршил со Масвидал. Тој продолжува да блебета. Ако зборува – добредојде во кафезот, да се сретнеме. Јас сум исклучително разновиден. Мојата борбена интелигенција е поинаква. Не е исто како кога си со мене во теретана. Борбата станува сосема поинаква веднаш штом ќе се затвори вратата на кафезот“, истакна Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON