Усман го поддржа Нгану при погребот на неговиот син

Кон крајот на минатиот месец дознавме дека Френсис Нгану го изгубил 18-месечениот син. Веста ја потресе ММА заедницата и сочувство пристигна од сите страни.

Причината за смртта на бебето не ја соопшти камерунската ѕвезда. Малкумина знаеја дека Нгану има дете. Поранешната ѕвезда на УФЦ го чува сејмениот живот подалеку од центарот на вниманието и не сподели ниту една фотографија со бебето или мајката.

Нгану беше скршен од оваа вест и изјави дека не знае како да се справи со болката. На социјалните мрежи се појави фотографија од погребот на малиот син на Нгану. Блиску до Френсис стои Камару Усман, кој, како и Френсис, е поранешен шампион на УФЦ.

Нгану и Усман се блиски пријатели уште од времето како шампиони на УФЦ. Камару покажа дека е вистински пријател и одлета во Камерун за да го поддржи Френсис во ова тешко време. Навивачите беа трогнати и импресионирани од чинот на Усман, кој е близок со Френсис.

На Френсис нема да му биде лесно да се опорави од овој удар. Оваа болка ќе ја носи до крајот на животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON