Камару Усман (13-1, 8-0 УФЦ) го порази Демијан Маја (25-9, 19-9 УФЦ) во главната борба на вечерта на првиот настан на УФЦ во Чиле.
https://youtu.be/g9VE8FlO35Q
„Нигерискиот кошмар“ славеше со едногласна одлука благодарение на доминантната изведба. На 40-годишниот Бразилец, кој го замени првично најавениот Сантијаго Понсиниби, ова му беше трет последователен пораз.
🇳🇬 Kamaru @USMAN84KG improved to 8-0 in the UFC with a dominant decision over Demian Maia in tonight's main event #UFCChile
📸 @JasonSilvaPhoto – @usatsimg
Full fight recap: https://t.co/nV1qB7pMx9 pic.twitter.com/VixxHyxW1n
— MMA Junkie (@MMAJunkie) May 20, 2018
Андреа Ли (9-2, 1-0, УФЦ) во своето деби со одлука на судиите ја победи Вероника Маседо (5-2-1, 0-2 УФЦ). Оваа борба е прогласена за борба за вечерта и двете добија бонус по 50.000 долари.
Габриел Бенитез и Клаудио Пуелес го добија истиот износ на изведба на вечерта.
https://youtu.be/mrMrH0z8_bk
Бенитез (21-6, 5-2 УФЦ) за 39 секунди го заврши Хамберт Банденај (14-5, 1-1 УФЦ). Мексиканцот прво се ослободи од лост со боди слем и со хамерфистови (удари како чекани) го заврши противникот.
https://youtu.be/L0BGA1LBOh4
Пуелес (8-2, 1-1 УФЦ) до првата победа во американската организација дојде со пресврт против Фелипе Силва (8-2, 1-2 УФЦ). Борбата која ја губеше ја пресврте со книбар во третата рунда.