Усик замина за Лондон без тренер

Александар Усик се упати кон Лондон каде ќе се сретне со Ентони Џошуа во мечот за светските титули. Украинецот го напушти Киев со приватен авион и очигледно добро расположен.

Главниот предизвикувач за појасите има придружба од шест луѓе. Сепак, на фотографијата недостасува тренерот на боксерот – Анатоли Ломаченко, кој енајавен дека ќе биде во неговиот агол против Џошуа.

Меѓутоа, неразделни од него се неговиот агент – Александар Красјук и спаринг партнерите. Украинецот го документира моментот на социјалните мрежи.

Битката со Усик ќе биде прва за Ентони Џошуа по победата над Кубрат Пулев. Бугаринот се сретна со Британецот на крајот на 2020 година на „Вембли арена“.

Повторно е во прашање судбината на светските титули во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а дали ќе останат во Британија со нивниот сопственик – Ентони Џошуа или ќе заминат во Украина со Александар Усик, ќе дознаеме на 25 септември, а мечот ќе се одржи на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Има многу прашања за тежината на двајцата боксери, а колку тежат ќе дознаеме на официјалната мерење во петок, 24 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON