Усик за навредите од Фјури: Го разбирам, но не обрнувам внимание

Навредата на Тајсон Фјури можеби не е постигнување на она што мисли дека го постигнува.

Александар Усик, шампионот во тешка категорија на ВБО, ВБА, ИБО, ИБФ од Украина, беше повеќе или помалку збунет од Фјури, шампионот на ВБЦ, и неговиот налет од закани и навреди.

Двајцата се очекува да се соочат следната година во борба која ќе го одреди неприкосновениот шампион во тешка категорија.

Навивачите на боксот претходно овој месец ги видоа двајцата во рингот по победата на Фјури над Дерек Чисора на стадионот Тотенхем Хотспар во Лондон. За време на нивното соочување во рингот Фјури врескаше во лицето на Украинецот, барајќи реакции, а Усик остана мирен и во стој.

Во едно неодамнешно интервју, Усик посочи дека не му пречат постојаните навреди на Фјури, кои вклучуваат обвинувања за употреба на стероиди.

„Некој вели дека е подобро да не разбираме што зборува Фјури“, рече Усик во видеото објавено на неговиот канал на Јутјуб, УСИК17. „Но, јас разбирам сè. Само не обрнувам внимание.

Такво нешто, како неговото бесмислено муабетење, не влијае на мене“, продолжи Усик. „Фјури ме навредува, но знам што да правам во рингот. Ако обрнам внимание на некој што се обидува да ме навреди, ќе го подгревам мојот гнев. Бесот не помага кога се карате, напротив, ве влошува“.

Усик (20-0, 13 КО) е категоричен, откако во септември го победи Ентони Џошуа по втор пат по ред, дека Фјури (33-0-1, 24 КО) е негова главна цел. Сепак, леворакиот Усик разбира дека тој можеби е јасен аутсајдер во оваа борба – но тоа го загрижува.

„Мотивиран сум од можноста да се борам со овој гигант“, рече Усик за Фјури и додаде:

„Иако има луѓе кои не се толку оптимисти во проценката на моите шанси, тоа не ми е важно. Ја работам мојата работа, си го избирам патот како самурај. Патот се состои од многу цели, но суштината е вашиот пат по кој чекорите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО