Тони Фергусон по седум години веќе не е меѓу рангираните борци

Американецот Тони Фергусон (38) повеќе не е меѓу рангираните борци на УФЦ, бидејќи од пласманот беше исфрлен од Дру Добер, кој минатиот викенд го нокаутира Боби Грин.

По седум години, Тони испадна од ранг листа на најголемата светска организација за ММА.

Ел Кукуј последната победа ја извојува во јуни 2019 година кога со прекин го совлада Доналд Цероне, а потоа следеа пет порази по ред.

Фергусон загуби од Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира, Бенеил Дариуш, Мајкл Чендлер и Нејт Дијаз.

Тој влезе во рангирањето во февруари 2015 година по триумфот против Глисон Тибо.

Оттогаш тој оди во победничка серија од седум борби, а во 2017 година го освои привремениот шампионски појас со победата над Кевин Ли.

Севкупно, од 2013 година тој имаше победничка серија од 12 борби која заврши во 2020 година со пораз против Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО