Усик во следните 12 месеци планира да ја покори тешката категорија

Александр Усик нема намера да губи време во тешка категорија.

Неспорниот шампион во лесно-тешка категорија за следната борба најави подигање во тешка категорија, а дебито треба да биде во мај во САД.

„Плалнот на Усик е да стане крал на тешката категорија. Ќе биде прекрасно ако тоа се се случи во следните година денови“, рече промоторот на Усик Александар Красјук.

„Ако не ние ќе продолжи се додека не добие шанса да ги победи на сите шампион во тешка категорија и да ги обедини појасите. Но, пред тоа треба да ја лансираме неговата тешкашка кариера“.

ВБО му понуди на Усик позиција на задолжителен предизвикувач на шампионот Ентони Џошуа, но, иако Украинецот соработува со Мечрум, нема да се одлучи за тој потег во првата борба во новата категорија.

Со победата на турнирот на Светската боксерска супер серија Усик ги обедини сите четири појаси во лесно-тешка категорија и стана само четвртиот боксер кој во ерата на четирите големи федерации ги обедини сите титули. И се придружи на Бернард Хопкинс, Џермејн Тејлор и Сесилија Браекхус.

Имаше опции за одбрана на титулите во лесно-тешка категорија против Денис Лебедев, а кратко време се зборуваше и за борба со пензионираниот Андре Ворд. И двете опции отпаднаа откако беше одлучено да се подигне тешка категорија.

„Неодамна во Њујорк се сретнав со Еди Херн (исто така промоторна Усик) и со Егис Климас (долгогодишен менаџерна Усик), за да ги испланираат следните чекори на Усик. Судејќи по се Александар во средината на мај ќе стапне на рингот во САД“.

„Противникот се уште не е одлучен, но ги разгледуваме најдобрите опции меѓу угледните тешкаши. Неговото деби во тешка категорија ќе покаже колку има самодоверба во новата тежина. Конечната одлука за неговата иднина ќе биде донесена по тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON