Александр Усик во дебито во тешка категорија нема да се бори со Александар Поветкин.
Сè уште има планови за таа борба, но тоа нема да се одржи на 18 мај, како што се спомнуваше.
Би требало да настапат на настанот на ДАЗН на тој датум, но нема да се борат меѓу себе.
До промена на плановите дојде, затоа што промотерот на Поветкин, Ворлд оф бокс, предложи боксери да одработат уште по една борба пред меѓусебната средба.
Промоторот Еди Херн, кој работи со Усик, рече дека владетелот на лесно-тешка категорија ќе мора да се бори со Карлос Такам во дебито во тешка категорија.
32-годишниот Украинец во последната битка минатиот ноември го нокаутира Тони Белју, додека Поветкин загуби со нокаут од Ентони Џошу во септември за светската титула во тешка категорија.