Усик уште го чека Џошуа, не се плаши од Фјури

Александар Усик со задоволство би се соочил со Тајсон Фјури за обединувачкиот меч на светските титули во тешка категорија. Ова го соопшти неговиот менаџер Александар Красјук.

Украинецот се уште ја чека одлуката на Ентони Џошуа за евентуален реванш меѓу двајцата. Меѓутоа, доколку Британцот продолжи да одолговлекува и наскоро нема потпишан договор за реванш меч, нема да биде изненадување напролет да гледаме судир за сите титули во „Кралската категорија“.

Причина за таквиот развој на настаните беше изјавата на Еј Џеј дека со добра понуда ќе се повлече и ќе ги остави Усик и Фјури да направат обединувачки меч. Сепак, тоа би се случило само доколку се потпише клаузула дека победникот прво ќе се бори со него и нема да има реванш.

„Гласините дека Еј Џеј ќе се повлече се слушаат од моментот кога Фјури го нокаутира Вајлдер. Слушнав дека Џошуа ќе размисли за таква опција со добри финансиски стимулации. Одговорот на Усик на ваквиот развој на настаните е дека не му пречи и е подготвен, не се плаши од Тајсон“, изјави Красјук за Скај спорт.

Моментално ситуацијата во категоријата е таква што Џошуа и Усик треба да се соочат во пролетта следната година. Фјури, пак, чека ривал да биде номиниран од ВБЦ. Меѓутоа, доколку наскоро нема развој во една од двете насоки, нема да биде изненадување да видиме обединувачки меч меѓу Тајсон и Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON