Околу 65 милиони долари. Толку се очекува да земе Aлександaр Усик за победата над Ентони Џошуа во Џеда.
Украинецот му одржа уште едно боксерска лекција на Еј Џеј, доминирајќи во рингот и заслужено извојува втора последователна победа над него. Така, ги одбрани светските титули на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, додавајќи во својата колекција титулата на магазинот „Ринг“ .
Познавачите тврдат дека премијата за Усик е од редот на 50 милиони долари. Покрај тоа, тој ќе собира дополнителни бонуси од платената телевизија, како и продадените билети во Џеда. Во оваа ситуација парите најверојатно ќе достигнат сума од околу 65 милиони долари, што е рекорд за Украинецот.
Ентони Џошуа исто така ќе се збогати и покрај поразот. За појавување на мечот му беа гарантирани 60 милиони долари. Со оглед на поразот и фактот што не беше шампион на овој меч, премиите му се помали. И покрај тоа, сепак, AJ најверојатно ќе однесе дома поголем чек од Уси, од околу 70 милиони долари.