Украинската боксерска ѕвезда Александар Усик имаше импресивен и незаборавен настап за британските медиуми. Поранешниот апсолутен светски шампион во полутешка категорија е кандидат за четирите појаси во тешка категорија (ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО) што ги држи Ентони Џошуа. Мечот е оваа сабота (околу полноќ по македонско време).
Во четвртокот во 14:00 часот по македонско време беше официјалната прес -конференција пред борбената гала вечер на стадионот на Тотенхем во Лондон. Усик застана пред камерите и микрофоните облечен исто како Џокер од популарната филмска серија Бетмен – во портокалова јакна, зелена кошула и жолт елек.
Неговата визија не остана незабележана и британските медиуми веднаш почнаа да го коментираат со насмевка.
Наспроти позадината на Усик, неговиот противник Ентони Џошуа беше во целосен контраст. АЈ носеше спортски тренерка и бејзбол капа од еден од спортските брендови, на кој е рекламно лице.
Сепак, двајцата покажаа почитувано и спортско однесување, бидејќи немаше драматизации, закани и сеир за време на прес -конференцијата. Усик се потпираше на неговиот хумор и по задолжителните фотографии лице в лице со Џошуа, ја фати раката на менаџерот на британскиот боксер и главен организатор Еди Херн за рака додека ги држеше појасите. Херн го прифати чинот со насмевка.
Менаџерите и тренерите на двајцата боксери седнаа на масата пред медиумите. Тимот на Усик покажа голема почит кон Херн и Џошуа. Менаџерот на Александар Красјук рече:
„Нема поголем настан и поважен меч на кој сум бил од претстојниот. Што може да биде подобро отколку да се видат двајца поранешни олимписки шампиони од Лондон како се борат во Лондон. По толку откажани настани оваа година, се уште не можам да верувам дека овој настан се случува. Сакам да му се заблагодарам на Ентони Џошуа за храброста да го преземе најсериозниот предизвик во неговата кариера. Благодарност до мојот пријател Еди Херн што го направи едноставно и за неговата голема професионалност. Кога сакаш да бидеш крал треба да го симнеш од кралот од тронот.
Додека Ентони Џошуа зборуваше за медиумите, Усик држеше белешки. Украинецот пукна во смеа кога му беше поставено првото прашање, имено: „дека прави многу голем чекор во кариерата“. Поранешниот апсолутен светски шампион почна да се смее речиси хистерично и рече: „Можеш повеќе“.
Oleksandr Usyk having fun at the Anthony Joshua press conference…
[📽️ @MatchroomBoxing] pic.twitter.com/GRjPTvUJ4R
— Michael Benson (@MichaelBensonn) September 23, 2021
Кога се соочија лице в лице, Џошуа и Усик се гледаа долго време, но наместо честите размени на закани и туркања, тие се ракуваа.