Украинецот Александар Усик (21-0, 14 КО) го победи со нокаут во 9. рунда британскиот борец Даниел Дубоа (19-2, 18 КО) на големиот боксерски настан во Вроцлав и ги одбрани шампионските појаси на ВБО, ВБА и ИБФ во тешка категорија.
Тоа беше втора одбрана на титулата светски шампион за непоразениот Усик, откако уште еднаш го совлада Ентони Џошуа во реваншот пред една година.
Украинскиот борец брилијантно боксираше и го изгради својот пат до победата од првата рунда. Одлично го удри Дубоа, кој физички паѓаше од рунда во рунда.
Во петтата рунда Британецот го удри Усик во меѓуножјето, а мечот за момент беше прекинат. На Усик му беа дадени неколку минути да се опорави.
Во последната минута од таа рунда, Усик неколку пати добро го погоди Дубоа. Украинецот со последниот директ извонредно го погоди и го затресе британскиот борец.
Усик се опорави и продолжи да му држи лекција на Дубоа, на кого му беше сè потешко да возврати против Украинецот во одлично расположение.
Во последната минута од осмата рунда, Усик за првпат го собори британскиот борец.
Но, тој стави крај на се во следната рунда кога уште еднаш го собори Британецот со уште една одлична комбинација, а судијата го прекина мечот.
Усик оствари нова победа со нокаут, тоа беше негов 14-ти нокаут во кариерата.
Oleksandr Usyk STOPS Daniel Dubois in the 9th round 😱#UsykvsDubois | @usykaa
— COMBAT SPORTS TODAY (@CSTodayNews) August 26, 2023
Во конасловната борба Адам Хамед, син на легендарниот Насем Хамед, го победи Војтех Харди со прекин во првата рунда во својот прв професионален меч.
Денис Беринчик со одлука го победи Ентони Јигит (меѓународна титула на ВБО во лесна категорија)
Хамза Шераз го победи Дмитр Митрофанов со ТКО во втората рунда (сребрена титула на ВБЦ во средна категорија)
Анауел Нгамисенге со одлука го победи Фиодор Черкашин (средна категорија)
Даниел Лапин го победи Даниел Шварц со ТКО во шестата рунда (полутешка категорија)