Усик синоќа итно хоспитализиран

По победата над Тајсон Фјури, шампионот Александар Усик требаше да одржи прес-конференција со медиумите, која беше откажана бидејќи итно беше префрлен во болница. Причина за ова е скршената вилица, која ја заработи од моќните удари на Фјури. На Украинецот итно му беше укажана помош бидејќи повредата воопшто не беше безопасна.

Деталите за повредата, по натпреварот, ги откри Тајсон Фјури.

„Борбата само што заврши. Значи, време е да си одам дома, да изедам нешто јако, да испијам неколку пива, да поминам време со моето семејство, да го прошетам кучето и да разговараме со промоторот Френк за тоа што ќе правиме во иднина“, рече британскиот боксер, кој е еден од најдобрите во моментов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON