Усик: Сакам борби со Џошуа и Фјури

Александар Усик уште еднаш ја демонстрира високата самодоверба и си постави цел да се бори со двете најголеми имиња во тешка категорија – Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Украинецот треба да се сретне со Дерек Чисора на 23 мај, при што мечот се уште е во прашање поради ситуацијата со коронавирусот. Поради неговиот статус на супершампион во ВБО и неговата импресивна серија во полутешка категорија, Украинецот ќе може да ги нападне појасите на Џошуа или Фјури кога ќе го победи Чисора. Запрашан од Скај спортс против кој од нив претпочита да се бори, златниот медалист од Олимпијадата во Лондон 2012 година беше категоричен:

https://www.instagram.com/p/B9mp-dtnepS/?utm_source=ig_embed

„Ги сакам и двајцата. Последното нешто за кое размислувам е со кого ќе се борам. Јас немам прогноза“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON