Усик размислува за враќање во полутешка категорија

Неприкосновениот шампион во тешка категорија, Украинецот Aлександaр Усик, изјави дека би можел да се врати во полутешка категорија по реваншот со Британецот Тајсон Фјури подоцна оваа година, објави Ројтерс.

Усик го победи Фјури во возбудлив меч во Ријад и ги освои сите титули и појаси. Тој претходно беше неприкосновен шампион во полутешка категорија пред да се искачи во тешка категорија во 2019 година.

„Мислам дека можеби по реваншот ќе одам во полутешка категорија“, рече тој во средата во епизодата од подкастот „3 Нокдаун рул“.

„Можам по втор пат да станам апсолутен шампион во полутешка категорија, тоа е мојот план. Кога почнав да се подготвувам за мојот напорен камп, морав да јадам цело време. За мене е тешко и не ми се допаѓа“, додаде тој.

37-годишниот Усик е првиот апсолутен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис во април 2000 година. Тој ќе се соочи со Тајсон Фјури во реваншот на 21 декември во Ријад, Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON