Усик: Прво реванш со Џошуа, потоа борба со победникот од Фјури-Вајлдер

ИБФ, ИБО, ВБА, ВБО шампионот во тешка категорија Александар Усик се подготвува за реванш со Ентони Џошуа.

Нивниот дуел ќе се одржи во февруари или март следната година.

Во текот на викендот Усик целосно го победи Џошуа во 12 рунди и ги презеде неговите титули. Џошуа веднаш ја активираше клаузулата во договорот за реванш.

Менаџерот на Усик, Александар Красјук, даде повеќе детали за следната борба на боксерот.

„Кога му кажав на Усик за реваншот, тој воопшто не беше вознемирен. Напротив, беше среќен. Рече дека ќе биде среќен што ќе го победи Ентони двапати”, изјави Красјук.

Усик би сакал нивниот следен меч да биде во Киев. Сепак, ова е малку веројатно да се случи, бидејќи Џошуа и неговиот тим инсистираат нивната битка повторно да биде на англиско тло.

Следната цел на Усик е обединување на титулите. На 9 октомври Тајсон Фјури по трет пат ќе се соочи со Дионтеј Вајлдер во Лас Вегас. Победникот од оваа средба би можел да биде следниот противник на Усик, доколку секако Украинецот успее повторно да го помине Џошуа.

„Можеме да зборуваме за обединување на сите титули дури откако Фјури ќе го одржи својот меч со Вајлдер и остане шампион, како и по мојата борба со Ентони“, рече Усик.

„Се разбира, многу би сакал да направам таков меч за обединување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON