Александар Усик (22-0) стана неприкосновен шампион кај најтешките боксери и, иако забележа рекордна лична тежина од 105,7 килограми, во борбата со Тајсон Фјури (34-1-1), тој сепак се врати на врвот на ранг-листата „паунд фор паунд “ (П4П) на најпрестижната светска боксерска публикација магазинот „Ринг“.
Украинецот накратко беше симнат од тронот од Наоја Инуе на врвот на листата, но еве го повторно како лидер по уште една година кога ја покажа својата неверојатна класа и покрај тоа што е релативно мал во однос на конкуренцијата во дивизијата.
Усик е дел од ова престижно рангирање веќе 310 последователни недели.