Усик: После боксот можам да започнам нова кариера, актер во Холивуд

Украинецот Александар Усик (17-0, 13 КО) денеска во Лондон се бори против домашниот боксер Дерек Чисора (32-9, 23 КО).

На Усик ќе му биде втор меч во тешка категорија откако минатата година го победи Чез Витерспун.

Но, Чисора ќе биде многу поголем предизвик за украинскиот борец.

„Откако станав тешкаш, чувствувам дека имам повеќе сила. Чисора е голем борец и удира силно. Сакам бокс и ќе бидам максимално подготвен за својот противник“, вели Усик.

Тој има сопруга и три деца и постојано е преокупиран со нив.

„Сакам да минувам време со семејството, а потоа тренирам порелаксирано. Сè уште сум многу мотивиран“, истакнува Александар Усик и додава:

„И се додека се будам во 5 часот и тренирам, ќе се занимавам со бокс. А кога ќе ми стане тешко да станам од кревет, ќе почнам да размислувам за крајот на мојата боксерска кариера. Тогаш можам да почнам нова актерска кариера во Холивуд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON