Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ, Александар Усик, покажа точно каде го удри Даниел Дубоа во 5. рунда.
Двајцата се бореа минатиот викенд на боксерска гала што се одржа во Вроцлав, Полска. Во 5-та рунда Дубоа заддае контроверзен удар на Усик, по што Александар падна на земја и почна да се витка од болка.
Усик и неговата придружба инсистираа дека Дубоа да го удри под појасот. На исто мислење беше и судијата и поради тоа борбата беше прекината на пет минути. На крајот, Усик го победи Дубоа со ТКО во 9. рунда.
На социјалните мрежи се уште траат дискусиите за овој контроверзен момент. Некои сметаат дека ударот бил под појасот, а други тврдат дека бил чист удар. Усик на прес-конференцијата покажа каде точно падна тој удар.