Украинскиот боксер Александар Усик одговори не предизвикот на Тони Белју за средба меѓу нив по победата над Русинот Мурат Гасиев во Москва во финалето на Светската боксерска супер серија (ВБСС/WBSS). Усик победи со едногласна одлука на судиите по 12 рунди во рингот.
https://twitter.com/usykaa/status/1020672611515236355?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1020672611515236355&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D736712
„Му благодарам на целиот тим, на семејството, без кои ова немаше да биде можно. Многу луѓе вложија напори за да изгледам така на рингот. Сега имам потреба од одмор. Ќе размислам дали да поминам во тешка категорија. Слушнав дека Тони Белју сака да се бори со мене. Подготвен сум, ако треба ќе јадам дополнителна порција макарони, за да се качам кај него, ако тој не сака да симнува во полутешка категорија“, рече Усик.
https://youtu.be/H3bPffVctWA
.