Усик е крал на полутешка категорија, го освои трофејот „Мухамед Али“ (ВИДЕО)

 

Александр Усик (15-0, 11 КО) е неоспорен светски шампион во полутешка категорија.

ВБЦ и ВБО шампионот во финалето на турнирот во Светската боксерска серија во Москва со доминантна изведба го победи ВБА и ИБФ првакот Мурат Гасиев (26-1-1НЦ, 19 КО), му го нанесе првиот пораз, го освои трофејот „Мухамед Али“ и го обедини сите четири појаси.

Олимписки победник од Лондон славеше со едногласна одлука на судиите: 120-108, 119-109 и 119-109.

Украинската левак со преден директ ја контролираше почетната рунда.

На почетокот на втората рунда Усик и понатаму ја користеше предноста на подолгите раце, но по една минута Гсиев успеа да го скрати растојанието и да погоди со лево кроше во брадата и телото. Потоа Украинецот повторно ја презема контролата и кружи околу противникот погодувајќи го со десен директ.

Усик и во третата рунда се движи многу добро и задава многу поголем број на удари.

Русинот својот момент го начека на крајот од 4-тата рунда кога го погоди со брилијантно десното кроше преку рацете на Усик.

На почетокот на шестата Гасиев има успех со нападите во тело, но тоа беше недоволно, бидејќи 31-годишниот Украинец, кои и инаку упатуваше неспоредливо поголем број на удари, почна да врзува удари во комбинации.

24-годишнотo Железо и во 7-мата се обидува со поединечни удари, затоа што никако не можеше да го задржи олимпискиот победник во блиска борба. Гасиев во поголемиот дел од борбата правеше пасивен притисок, но Усик беше далеку поактивен и прецизен.

Усик продолжува да доминира до крајот на средбата. Особено беше импресивен во 10-тата рунда во која целосно го надбоксира противникот. Лесен е во нозете и во 11-тата. Продолжи да танцува и да го погодува противник, кој во два наврати одговара со десно кроше.

Во истиот стил работеше и во последната рунда и заклучувајќи ја изведбата во која тој изгледаше недопирлив. Трофејот му го врачи на сопругата на Мухамед Али, Лони.

Во четвртфиналето Усик го елиминираше Марко Хук, а во полуфиналето со мнозинска одлука на Маирис Бриедис.

Во првиот меч по поразот од Александар Усик, Mairis Маирис Бриедис (24-1, 18 КО) со едногласна одлука по 10 рунди го совлада 25-годишниот Французин Брандон Деслор (11-2-1, 1 КО).

https://www.facebook.com/WBSuperSeries/videos/1169012343236622/

https://youtu.be/xZ2oSzf6RD0

https://youtu.be/H3bPffVctWA

https://youtu.be/Xf98pvfPdd8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО