Усик откри со која ѕвезда од тешка категорија сака да се бори

Апсолутниот светски шампион во лесно-тешка категорија, Александар Усик, кој е подготвен да го направи дебито во тешка категорија на 12 октомври против Чаз Витерспун, откри со кој тешкаш сака да се бори.

„Секако, сакам да се борам со сите боксери, но токму сега, сакам најмногу да му се спротиставам на Дионтеј Вајлдер. Неговиот појас е зелен (на ВБЦ), а тоа е мојата омилена боја“, рече Усик.

Дебито на украинскиот шампион во тешка категорија беше планирано за мај, но беше одложено поради повредата на Усик. Потоа беше закажан за 12 октомври, но една недела пред мечот неговиот противник беше заменет. Сепак, Усик не го смета ова за лош знак.

„Знаете, некои ќе речат дека Господ ми дава знак да не одам таму. Но, не мислам така, дури и напротив. Тој ми го дава следниов знак: „Саша, труди се и сè ќе биде добро со тебе“. Значи, добро е, ова се животни ситуации и треба да се надминат “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON