Александaр Усик се премисли, па сега вели дека ќе продолжи да боксира и по борбата со Тајсон Фјури закажана овој вокенд во Ријад.
Украинскиот тешкаш претходно тврдеше дека ќе ги закачи ракавиците откако ќе го заврши договорот за две борби со Фјури.
„Да, секако, ќе продолжам да боксувам. Можеби уште три години“, изјави Усик.
„Мојата мотивација за боксот е дисциплината, семејството и навивачите. Ја ценам поддршката од народот и од украинските војници. Тоа е мојата мотивација. Мојата најголема победа допрва доаѓа“.