Усик: Нашите деца, жени, баби и дедовци се кријат во подрумите

Светскиот шампион Александар Усик се обрати со видео обраќање до сите Руси и нивниот претседател Владимир Путин.

Освојувачот на четири појаси во тешка категорија ја повикува руската агресија веднаш да престане.

„Добро утро на сите. Јас се викам Александар Усик. Сакам да ги упатам следните зборови до народот на Русија“, рече Усик.

„Ако се сметаме за браќа, православни христијани. Не дозволувајте вашите деца да влезат во нашата земја, не се карајте со нас. Му се обраќам и на претседателот Владимир Путин. Можете да ја запрете оваа војна. Ве молиме седнете и преговарајте со нас. Споделете ги вашите барања. Нашите деца, сопруги, баби и дедовци се кријат во подрумите… Ние сме овде во нашата земја, не можеме поинаку – се браниме… престанете! Запрете ја оваа војна. Не на војната!!!“, додаде светскиот шампион во бокс во тешка категорија.

Поранешните носители на појаси во тешка категорија, браќата Кличко, се дел од резервниот состав и во секое време можат да се мобилизираат на бојното поле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON