Александар Красјук, промотор на непоразениот украински боксер во тешка категорија Александар Усик, ја процени веројатноста за борба меѓу неговиот клиент и шампионот во УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану.
„Не знам дали Усик ќе има бокс меч со Френсис Нгану. Можеби кога ќе наполни 50 години и ќе се пензионира. Во оваа фаза, Усик е боксер. Никогаш не сум слушнал од него дека планира да се бори со некој друг, освен најдобрите боксери на планетата“, рече Красјук во интервју за Јутјуб каналот „SecondsOut“.
На 25 септември во Лондон, Усик ќе се бори со Ентони Џошуа. Во прашање ќе бидат појасите во тешка категорија ВБА, ВБО и ИБФ, кои се во сопственост на Британецот.