Александар Усик е подготвен да се бори со Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер. Викендов ќе видиме реванш меѓу Вајлдер и Фјури за титулата во тешка категорија на ВБЦ. Усик неодамна ги освои титулите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, откако го победи Ентони Џошуа.
Усик е поранешен неприкосновен шампион во полутешка категорија и сака да го постигне ова и во тешка категорија. Тој има шанса да го запише своето име со златни букви во историјата и цели кон последната титула.
Викендов ќе видиме кој ќе се закити со титулата на ВБЦ, која недостасува кај Усик за да биде неприкосновен шампион. Многу луѓе го потценуваат Вајлдер, но Усик нема да биде еден од нив. Тој истакнува дека „Бронзениот бомбардер“ не е за потценување, бидејќи секогаш нокаутира.
„Дефинитивно ќе го гледам овој меч меѓу Вајлдер и Фјури. Воопшто не размислувам за тоа кој ќе победи. Ќе има добра битка. Не отпишувајте го Дионтеј Вајлдер, бидејќи секогаш нокаутира.
Дефинитивно ќе го гледам и љубопитен сум кој ќе победи. Ќе се борам со оној што го држи последниот појас. Не ми е грижа дали е Вајлдер или Фјури.
Не, не знам како да предвидувам. Се што можам да ви кажам е дека денес ќе имам фантастична вечера“, изјави Усик за ДАЗН за боксерската гала вечер викендов.