Усик ќе дебитира во тешка категорија во септември

Александр Усик ќе дебитира во тешка категорија во септември. Откако прво го одложи меч од мај за август, сега е јасно дека и средбата со Карлос Такам ќе треба да се забави. Ова го најави промоторот на Украинецот – Еди Херн.

Поранешниот хегемон во лесно-тешка категорија (16-0, 12 КО) ја повреди раката, а тоа ја диктира одлуката. Така средбата на Девин Хејни и Антонио Моран ќе остане главан за боксерската галавечер во Мериленд.

Се уште од кампот на Такам не откриваат дали се согласни да го одложат мечот. Долгото чекање може да ги откаже, но ако парите од борбата се добри – ќе гледаме во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON