Предизвикувачот во тешка категорија Џо Џојс и поранешниот апсолутен шампион во полутешка категорија Александар Усик ричиси во април сигурно ќе се соочат во рингот. Преговорите меѓу непоразените борци се во напредна фаза. Тие ќе се сретнат за привремена титула на Светската боксерска организација (ВБО), а нивниот следен меч ќе биде против новиот апсолутен светски шампион во тешка категорија помеѓу Ентони Џошуа или Тајсон Фјури.
„Се чини дека сè оди според планот. Победникот ќе ја земе привремената титула на БО. Средбата најверојатно ќе биде во април. Преговорите одат добро и мислам дека битката е речиси договорена “, изјави 35-годишниот Американец за БТ спорт.
Усик (18-0, 13 нокаути) е број 1 во рангирањето на организацијата, а неговиот претстоен ривал Џојс (12-0, 11 нокаути).
„Едвај го чекам овој меч! Се вратив во салата и веќе се подготвувам. Мислам дека ќе одам на нокаут“, додаде Џојс.
Ова не е прв пат двајцата да се соочат. Пред осум години се бореа во Светската аматерска боксерска серија во 2013 година. Тогаш, победата на поени му припадна на Украинецот.
„Оттогаш научив многу, а и тој малку дгинал. Можеби изгубил некоја брзина. Е, треба да бидам паметен и претпазлив, пшремногу да не ме погодуваат. Сакам да ги запрам неговите нозе со сите потребни средства, но и ќе го слушам мојот агол и ќе ги правам сите работи што ги правам во теретана. Работам напорно во салата за да ми биде лесно кога одам во битка“, додаде Џојс.