Усик го прифати условот на Фјури, се е исполнето за спектаклот на Вембли

Борбата помеѓу Тајсон Фјури и Алексдар Усик за титулата апсолутен шампион во супертешка категорија е се поблиску.

Украинецот кој е сопственик на појасите во ВБА, ИБФ и ВБО верзија ја прифати понудата на Фјури парите да се делат 70:30 во корист на Британецот. Борбата најверојатно ќе се одржи на 29-ти април на „Вембли“.

„Ја прифаќам твојата понуда. 70:30 за тебе за борба на „Вембли“ на 29-ти април“, порача Усик.

Меѓутоа Украинецот имаше едно посебно парање.

„Сакам да ветиш дека веднаш после борбата ќе уплатиш еден милион фунти на Украина и дека за секој ден од своето доцнење ќе уплатиш по еден процент од заработката на народот во Украина. Договорено?“, истакна Усик.

Пред тоа Фјури испрати порака во која истакна дкеа неговиот услов за борба со Усик за 30% е „земи или остави“. Украинецот прифати, па сега веројатно нема препреки.

https://twitter.com/usykaa/status/1634284129620578304?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1634284129620578304%7Ctwgr%5E5562dc8c8ad65d52158e08fa96cf627dd3e20729%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-spektaklot-se-poblisku-usik-go-prifati-uslovot-na-fjuri-se-najavuva-i-datumot-na-borbata%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON