Усик го потврди следниот противник, и му порача на Фјури: Ти си лоша копија на Мухамед Али

Откако пропадна договорот за меч за обединување на шампионските појаси во тешка категорија, Александар Усик и Тајсон Фјури се свртуваат кон нови предизвици.

И додека Кралот на Ромите засега молчи, украинскиот боксер го потврди својот следен противник. Усик ќе се бори со задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.

„Тоа најверојатно ќе биде Даниел Дубоа, а нашата борба ќе се одржи на крајот на летото. Одам во Велика Британија, сакам да одам таму“, рече Александар Усик и продолжи:

„Моите први големи резултати се случија во Британија, каде го победив и Ентони Џошуа во првиот меч. Ми се допаѓа таму“.

Украинецот се осврна и на неуспешниот меч со Фјури, па откри што најмногу му пречело во преговорите.

„Ништо не се случуваше. Беше јасно дека се обидува да не боксира, па решив да ставам крај на сето тоа. Побара распределба на хонорарите од 70-30 и рече дека тој е крал и се што се случува е благодарение на него“, истакна Александар Усик и подвлече:

„Не реагирав на тоа, знаев дека сака да си игра со мене. Кралот е крал, а кралот не мора гласно да каже дека е крал. Фјури напорно се труди да го ископира големиот Мухамед Али, но копијата е многу лоша“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON