Усик го помина тестот Чисора со паметна борба во 12 рунди

Александар Усик го победи Дерек Чисора со едногласна одлука на судиите во Лондон, Велика Британија. Украинецот успешно го помина првиот сериозен тест откако влезе во тешка категорија.

Судиите го бодуваа мечот 117-112 и 2х 115-113 во корист на фаворитот Усик.

По оваа победа, Усик обезбеди битка за светската титула со Ентони Џошуа во верзијата на ВБО. А.Ј. беше покрај рингот и одблизу го следеше перформансот на двајцата борци.

Чисора силно го започна мечот и првите рунди беа за него. Постепено се изморуваше, а тактиката на чекање на Усик функционираше. Украинецот танцуваше во рингот и „работеше како пчела“ на противникот.

Сепак, по судирот, повторно се поставува прашањето дали е голем и физички доволно силен за врвните борци во тешка категорија. Во сериозни моменти од натпреварот, Чисора доминираше и го притискаше својот славен противник.

Британецот не е ниту во првите 10, каде што рализката во класи е неколку пати поголема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON