Андерсон Силва ја заврши кариерата во УФЦ со пораз (ВИДЕО)

Уријах Хол го уништи Андерсон Силва во последниот меч за УФЦ. Лебедовата песна на поранешниот шампион се одржа на главниот настан на УФЦ Фајт најт 181/ УФЦ Вегас 12.

Силва на почетокот изгледаше добро, почнувајќи со брзи движења и силни удари што го запрепастија Хол. „Прајм тајм“ воопшто не можеше да држи чекор, бидејќи повисокиот Силва го држеше на дистанца. Хол упати неколку добри удари на крајот од втората рунда, но се чинеше дека Силва го контролира мечот.

Сивла го продолжи притисокот и во третата рунда, притискајќи го Хол до кафезот. „Пример тајм“ успеа да избега и со десната рака погоди добар удар. „Пајакот“/ „Спајдер“ падна на патрер и беше опсипан со брутален граунд и паунд, но преживеа..

Во четвртата рунда, Хол успеа да го нанишани Силва со добро пласирана десница. Бразилецот падна на подот и „Прајм тајм“ налета на него со силни удари. Судијата беше принуден да ја прекине борбата и така последниот меч на Силва во УФЦ заврши со пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО