Усик го нападна МОК бидејќи сака да дозволи учество на спортисти од Русија и Белорусија на Олимпијадата

Александар Усик го повика и Меѓународниот олимписки комитет да не дозволи Русија и Белорусија да учествуваат на Олимписките игри.

Неодамна МОК објави дека размислуваат за начин како спортистите од двете земји да учествуваат како неутрални.

Во видео порака Усик, кој е и олимписки шампион од Лондон 2012, му се обрати на претседателот на МОК Томас Бах:

„Сакате да им дозволите на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата. Руската војска ја нападна нашата земја, убивајќи цивили. Руската армија убива украински спортисти, тренери, урива терени и спортски сали.

Медалите на руските спортисти ќе бидат медали на крв, смрт и солзи. Ви посакувам да имате мирно небо над вас, да бидете во добро здравје и да бидете среќни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON