Во Монако се одржа жребувањето за турнирите на Светската боксерска супер серија во крузер и суперсредна категорија.
Носителите сами си ги бираа противниците.
Еден пар во крузер категорија беше порано одреден бидејќи шампионот на ИБФ, Мурат Гасиев (24-0- 1НЦ, 17 КО) има задолжителна одбрана на титулата против Кристоф Влодарчик (53-3-1, 37 КО).
Потоа бираше Александар Усик (12-0, 10 КО) и за противник во четвртфиналето го избра Марко Хук (40-4-1, 27 КО).
Третиот носител Маирис Бриедис (22-0, 18 КО) го избра Кубанецот кој живее во Ирска Мајк Перез (22-2-1, 14 КО).
Последниот четвртфинален пар го сочинуваат Кубанецот Јуниер Дортикос (21-0, 20 КО) и Дмитриј Кудријашов (21-1, 21 КО).
Поранешниот шампион во ВБО, Криштоф Гловацки, е резерва во оваа категорија, ако некој боксер не е во можност да го продолжи натпреварувњето на турнирот.
Во суперсредна категорија ВБА шампионот Џорџ Гровс за противник во четвртфиналето го избра сонародникот Џејми Кокс. Второпоставениот Калум Смит се одлучи задуел со Швеѓанецот Ерик Скоглунд.
Додека Крис Јубенк Јуниор и Артур Абрахам се подготвуваат за меѓусебниот меч кој ќе годаде последниот учесник на овој турнир, Крис Јубенк постариот одлучуваше наместо нив и го избра Авни Јилдирим. Последниот четвртфинален пар во категоријата до 76,2 килограми го прават Јирген Брамер и Американецот Роб Брант.
Резервен боксер во суперсредна категорија е Германецот Винсент Фајгенбуц.
Четвртфиналето ќе се одржи во септември и октомври, полуфиналето во јануари и февруари, а финалето е закажано за мај 2018 година.
https://youtu.be/J65xNgRFe_U
.