Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, ВБА и ВБО – Александар Усик, ги објави најсилните боксери во светот, без разлика на тежинската категорија.
Веднаш се забележува дека Украинецот не го стави Тајсон Фјури во првата тројка. Непоразените боксери требаше да се соочат напролет и да го одредат првиот неприкосновен шампион во дивизијата по легендарниот Ленокс Луис, но преговорите пропаднаа.
Причина за тоа беа недоразбирањата за хонорарите за реванш, при што Усик направи компромис и се согласи да земе само 30% од сумата за првата борба.
Но, која е неговата прва тројка?
„Прв е Теренс Крафорд (познато како: неприкосновен светски шампион во полусредна категорија), втор е Наоја Инуе (познато како: ВБО и ВБЦ светски шампион во перолесна категорија), трет е Џервонта Дејвис“, рече Усик.
Потсетуваме дека на 27 август Усик ќе ги брани титулите против Даниел Дубоа.