Полуфиналето на WBSS (ВБСС) турнирот во лесно-тешка категорија на 27 јануари во Рига го носи мечот за обединување на титулата светски шампион.
ВБЦ шампионот Маирис Бриедис (23-0, 18 КО) на домашен терен боксира против ВБО првакот од Украина Олександар Усик (13-0, 11 КО).
Украинската ѕвезда во четвртфиналето во Берлин со убедливата изведба го исфрли од турнирот Марко Хук, додека 33-годишниот Латвиец со едногласна одлука го доби Кубанецот Мајк Перез.
Усик подготовките за најголемиот меч за обединување во оваа категорија последните години работи со тренерот Сергеј Ватанјук во Буквел на Карпатите.
Не се грижи што ќе боксира на гостински терен.
„Дозволете му на Бреидис да размислува за тоа, не јас. Се што знам е дека во Рига ќе има многу мои сонародници кои ќе ме поддржат“.
„Ова е голема борба и тоа ќе биде голем ден за мојата кариера. Ова е средба за обединување на титулите. Поентата на борбата за „Трофејот Мухамед Али“ е најдобрите да се борбат со најдобрите. Го имам ВБЦ, а тој ВБО појасот. Ја сакам зелената боја, а појасот на ВБЦ е зелен, па така не можам да дочекам да го зграпчам“.
„Не можам ништо лошо да кажам за Бриедис. Неговиот стил помалку е здодевен, но го почитувам. Бриедис е светски шампион и мора да биде добар“.
„Во принцип, ги почитувам сите мои противници, дури и Марко Хук кој зборува лошо за мене и ме турна на прес-конференцијата. Знам низ што поминуваат борците за да може да влезат во рингот. Тоа бара многу тренинзи, многу работа и јас тоа секогаш ќе го почитувам“.
Во воведниот дел од настанот Филип Хрговиќ ќе боксира со Англичанецот Том Литл.
https://youtu.be/OgwU5zDHpQ4
.