„Штипски Aсови“-најдобрите за 2017 во Штип: Титулите најдобри за Јована Георгиева и Бобан Данов

„Штипски Асови“ денеска ги соопшти имињата на спортистите кои се носители на признанијата за 2017 година.

За личниост на 2017 година е прогласена каратистката на Македонка, Јована Георгиева, која освои бронзен медал на ЕП за сениори, во женска и Бобан Данов во машка конкуренција, кој освои сребрен медал на ЕП во Турција во кураш и седмо место на СП во Сочи во самбо.

Спортски работник кој најмногу го помага спортот во Штип, Кире Гогов. Менаџер на годината- Илија Младеновски, а најдобар клуб е Пинк Пантер – шампион на Македонија.

 

За тренери на годината се избрани Кире и Сашко Патраклиски и Никола Риљак, – тренери на Јована Георгиева, Ристе Грбев, бокс Шенол Асанов- кик бокс.

Подвиг на годината – пионерите на Балканец кои освоија три медали на Балканското првенство, со селекторот Давор Тасев.

Најголем афирматор на Штип, членот на фудбалската репрезентација -младинска и А, и најзаслужен и за успехот на Вардар за пласманот во групната фаза во Лигата на Европа- Бобан Николов; фер плеј д-р Ѓорги Стојчев – кој на три средби во изминатата сезона им пружаше лекарска помош на гостинските повредени фудбалери кои немаа помош од лекари- куп средбата со Победа од Прилеп во Штип, Победа – Валандово и пријателската средба со Беласица во Струмица, кога домаќините не озбезбедија лекар.

Спортски фан кој коректно се однесува на трибините и во коментарите на ФБ, Ристе Ивановски. Исто така, признание ќе добие и најдобриот спортист на сите времиња на Штип, Зоран Шоров, кој пред 30 години го осви првиот медал- сребрен на ЕП за сениори во Велико Трнава.
Дополнително ќе биде одреден датумот кога ќе ги доделиме признанијата на овие спортисти и спортски работници.

Ipon.mk/Stipski asovi

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО