Aлександар Усик (20-0) и Даниел Дубоа (19-1) ја исполнија последната обврска пред денешниот боксерски меч во Вроцлав.
Непоразениот Украинец против Дубоа по вторпат ќе ги брани појасите на светските титули во ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.
Усик ги освои титулите во септември 2021 година со победа против Ентони Џошуа, а успешен беше и во реваншот пред една година.
Последниот меч Дубоа го имаше минатата година во декември кога во третата рунда со прекин го совлада Кевин Лерена.
Пред вечерашната борба и двајцата боксери стапнаа на вага, а шампионот беше за повеќе од пет килограми полесен од Британецот.
Вагата на Усик покажа 100,2, додека Дубоа во мечот влегува со 105,8 килограми.
Но, овој пат британскиот борец е за неколку килограми полесен отколку што беше на последните натпревари.
Неговата најчеста тежина беше околу 108 килограми, вака „лесен“ не беше од 2017 година и мечот против Маурицио Бараган, кого го победи со нокаут во втората рунда.
Тоа беше негова четврта професионална борба, на 20 меча во кариерата само еднаш беше полесен.
Дубоа тежеше 110,7 килограми во неговиот единствен пораз против Џо Џојс во 2020 година.
Усик постојано расте во тежина откако се приклучи во тешка категорија.
За првата борба против Чез Витерспун тежеше 97,5, за мечот со Дерек Чисора достигна 98,4 килограми. Во двата меча против Еј Џеј беше 100,2 килограми.