Усик доби нов службен датум за борбата со Чисора

Борбата помеѓу Александар Усик (17-0, 13 КО) и Дерек Чисора (32-9, 23 КО) доби нов официјален датум.

Поранешниот неприкосновен шампион во полутешка категорија требаше на крајот на март да се бори против Чисора, но по лекарски совет ја одложи борбата.

Така, Усик вториот меч во тешка категорија ќе го одработи на 23 мај во О2 арената во Лондон. Таа сала е вистински домашен терен за Чисора, бидејќи таму ги боксираше последните шест мечеви.

Во тие борби ги нокаутира Захари Азузузи, Карлос Такам, Артур Шпилка и Дејвид Прајс, на поени ги доби Сенад Гаши и загуби со нокаут во реваншот со Дилиен Вајт.

Усик дебито во тешка категорија го имаше минатиот октомври. Со прекин во седмата рунда во Чикаго го совлада Чез Витерспун (38-4, 29 КО) кој го замени Тајрон Спонг по неговиот пад на допинг тестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON