Украинскиот боксер Александар Усик се сврте кон суперѕвездата Ентони Џошуа откако го победи Дерек Чисора. Ова беше втор меч на Усик во тешка категорија и победи со едногласна одлука.
Со победата Украинецот го одбрани статусот на задолжителен предизвикувач за титулата на ВБО, чиј сопственик е Џошуа.
„Ентони, што се случува? Доаѓам по тебе”, рече Усик по успехот над Чисора.
🗣️ @usykaa has a message for @anthonyfjoshua 👋 pic.twitter.com/SGYTZHMJtC
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) November 1, 2020
Мечот се одржа на Вембли во Лондон и беше организиран од промотивната компанија која ги организира борбите на Еј Џеј – „Мечрум бокс“.
Затоа, не беше изненадување што британската ѕвезда присуствуваше на настанот. Усик исто така го забележа тоа и го поздрави својот иден ривал.