Светскиот шампион во верзиите на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО, 35-годишниот украински боксер Александр Усик зборува за претстојната борба со Британецот Ентони Џошуа. Тие ќе се сретнат по втор пат за неколку часа во Џеда, Саудиска Арабија.
Усик влегува самоуверено во натпреварот бидејќи веќе има една победа над противникот. Нивната прва борба се случи во Лондон пред 1 година. Александар тогаш доминираше над Џошуа и му ги одзеде титулите. Усик сега ќе ги брани поојасите, но ќе се бори и за својата татковина која е окупирана од Русија.
„Борете се за себе и за државата! Работам секој ден и вложувам дополнителен напор на секој тренинг.
Верувам во тоа што го работам и давам се од себе за да победам. Јас боксирам за сите околу мене да се чувствуваат среќни.
Боксирам за Украина и Украинците! На 20 август во Џеда, секој од вас ќе застане зад мене во борбата против Ентони Џошуа. Ќе ја почувствувам вашата доверба и поддршка“, напиша Усик на социјалните мрежи.